Велешанка се породила во автомобил, во дворот на болницата

Veleska bolnica 997x485
Veleska bolnica 997x485

Жена се породила во такси возило, во дворот на Велешката Болница утрово околу 7 часот. Таа родила здраво и живо бебе, а во добра состојба е и мајката. Настанот се случувал токму во време кога вработените од болницата доаѓале на работа, па дел од медицинскиот персонал веднаш притрчал на помош.

Од велешката болница го потврдија случајот и рекоа дека и мајката и бебето се во добра состојба.

Agria

„Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 килограми долго 50 сантиметри. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба“, изјави портпаролот на болницата д-р Весна Николовска Неделкова.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: