Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода двајца бегалци од Кочани кои избегале од Казнено-поправните установи затвор, каде што издржувале затворски казни.
„На 19.10.2024 во 20.25 часот полициски службеници од СВР Велес, во Велес ги привеле Љ.А.(26) и Е.М.(55) двајцата од Кочани, поради бегство од Казнено – поправната установа затворот“, информираа од СВР Велес.
Од СВР Велес соопштуваат дека лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните.