Велешката полиција казни рекорден број граѓани во еден ден за неносење маски

policija maski

Полицијата вчера изрече рекордни 82 казни на велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 17 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.

„Во период 01./02.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита  казнети сe 108 лица, и тоа, 82 во Велес, 17 во Кавадарци  и девет во Неготино.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Agria

Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: