СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца вработени во МВР поради сомненеие дека се сторители на кривично дело „измама“.
Содржината продолжува под рекламата
„СВР Велес до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против О.К. (41) од Велес, вработен во СВР Велес, и Н.К. (46) од Битола, вработен во СВР Битола, поради основано сомнение дека првопријавениот е сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од КЗ на РСМ, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2, кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија“.
Содржината продолжува под рекламата
„За второпријавениот Н.К., пак, поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата“, стои во соопштението на на СВР Велес.
Бидејќи пријавенети лица се вработени во МВР, за целиот случај е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување.
Батали нет од свои извори дознава дека еден од полицајците кои добија кривична пријава е поранешен висок функционер во СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: