Велешката полиција со превентивна кампања „И јас и ти сме пешаци“

veleska policija soobrakajci
veleska policija soobrakajci

Велешките сообраќајци под мотото „И јас и ти сме пешаци“, вчера преку кампања се обидоа да ја подигнат свеста кај возачите. На повеќе локации низ градот велешката полиција делеше превентивно едукативен материјал. Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,Не користи мобилен додека возиш“.

Zito akcija 640x289px
veleska policija soobrakajci kampanja

„Цела на активноста е подигнувањето на ниво  сообраќајната култура кај учесниците, како кај возачите така и кај пешаците. Тоа треба да резултира со намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди“ – кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.   

Agria
portparol na veleska policija Riste Samardziev

Самарџиев додаде дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период. Тој упати апел сите учесници во сообраќајот достојно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и да не ги ризикуваат ризиците во сообраќајот, со што така ќе се грижиме за нашите деца и за нашата иднина.

kampanja SVR VELES
kampanja SVR VELES

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: