Велосипедско дефиле во Велес по повод Денот без автомобили

Velosipedsko defile

Во повеќе градови низ земјава денеска се одржаа велосипедски дефилеа на кои младите лица, ентузијасти и вљубеници во велосипедизмот и пешачењето го имаа главниот збор. Со возење велосипеди и затворен дел од улиците, беше одбележан 22 Септември – меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ).

Zito akcija 640x289px

Со затворање на дел од улицата „Никола Карев” и преку едукативна работилница за учениците од ООУ „Васил Главинов”, на интерактивен начин денес беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Дружбата и учењето продолжија во дворот на подрачното училиште на ООУ „Свети Кирил и Методиј” во с. Црквино, каде учениците од прво до петто одделение возеа велосипеди и се рекреираа преку разни спортски активности.

Содржината продолжува под рекламата

Ова беше последната од низата активности кои беа реализирани во текот на изминатава седмица, со што Општина Велес од 16 до 22 септември ја одбележа Европската недела на мобилност 2021.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: