Две канделабри во паркот во дворот на улилиштето Васил Главинов во Велес се под напон и кога ќе се допрат, фаќаат струја. Загрижен читател испрати фотографии и видео, на кои се гледа дека на канделабрите, кои се кородирани и оштетени, синоќа, откско заврна, има напон, кој се покажува на фазомер.
Слично е и на земјата, веднаш до канделабрите, каде што најверојатно поминува електричната инсталација. Овој парк е едно од омилените места на граѓаните од тој дел на градот, а секојдневно во него играат и деца.
Граѓаните апелираат до Општина Велес, под чија надлежност е уличното осветлување, да преземе мерки и да го отстрани дефектот, додека не се случила трагедија.