Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

(ВИДЕО) Коцевски: Државни институции ќе ја проверуваат конфекцијата „Ју Ка“

Ace Kocevski 15.05.2020
Ace Kocevski 15.05.2020

Државни надлежни институции отвориле постапка и ќе вршат контрола на работењето на велешката конфекција „Ју Ка“, која е еден од кластерите преку кои со коронавирус се заразија дваесетина велешани, најави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Zito akcija 640x289px

Тој ги отфрли обвинувањата на партиите од опозицијата дека намерно не превзел ништо во врска со затворањето на конфекцијата, бидејќи бил близок пријател со сопственикот на конфекцијата. Коцевски објасни дека надлежен за тоа не е градоначалникот, туку Државниот санитарен и здравствен инспекторат и трудовата инспекција, но и покрај тоа, општината, преку Кризниот штаб и Локалниот економски совет му укажала на соственикот на фабриката за последиците од неговото однесување.

Во меѓувреме, порталот veles365.com објави дека Основното јавно обвинителство од Велес отворило предистражна постапка за конфекцијата, која беше актуелна деновиве поради новите случаи со коронавирус во Велес. Според порталот, обвинителството побарало дополнителна документација од Ценатрот за јавно здравје Велес во врска со овој случај.

Trajce Dimitrievski Ju Ka
Трајче Димитриевски – сопственик на конфекцијата „Ју Ка“

Повеќе вработени од конфекцијата обвинија дека газдата не им дозволувал отсуство од работа на вработените кои покажувале симптоми на коронавирус и им се заканувал со откази. Пред дваесеттина дена во изјава за Батали.нет, сопственикот на „Ју Ка“ Трајче Димитриевски ги отфрли ваквите наводи и искажа разочараностг од дел од своите вработени, за кои рече дека ширеле невистини.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: