Бројни недостатоци и прекршувања на Законот за основно образование во работењето на в.д. директорката на ООУ Св. Кирил и Методи Маја Јовановска и Управниот одбор на училиштето, но на градиначалникот на Велес Марко Колев јоткрил Државниот просветен инспекторат (ДПИ), тврди велешкиот огранок на партијата Левица.
Од партијата велат дека ова доаѓа по поднесената пријава од страна на советниците на Левица, а која произлегува од бројните жалби доставени до Левица – Велес, кои се однесуваат на незаконското работење од страна на в. д. директорката Маја Јовановска.
“Констатирана е повреда на законот од страна на градоначалникот на Општина Велес Марко Колев и од страна на училишниот одбор, со тоа што по именување во повеќе наврати на в.д. директор на училиштето, не постапиле согласно законот и не донеле одлука за објавување на јавен оглас за избор на директор, после поништувањето на претходниот оглас и разрешувањето на училишниот одбор, кој незаконски донесе одлука за избор на Маја Јовановска за директор во ООУ „Св.Кирил и Методиј“, вели Маргица Урумова, член на Советот на Општона Велес од Левица.
Во известувањето, ДПИ утврдил прекршувања на законот и од страна на директорката Јовановска.
“В.д. директорката на ООУ Св. Кирил и Методиј Маја Јовановска ангажирала лице кое извршило свечен прием на паралелка со ученици во прво одделение на 1 септември 2023 година, а во тој момент не било во работен однос како наставник во училиштето, дополнително при формирање на една паралелка во продолжен престој со 60 ученици од различни паралелки и одделенија со еден одговорен наставник, што е спротивно на член 53 став 4, утврдил Државниот просветен инспекторат”, вели Урумова.
Од Левица велат дека ќе ги употребат сите правни механизми и ќе поднесат соодветни пријави со цел прекршителите на законот да одговараат пред лицето на правдата.
Линк со видео од пред конференцијата на Левица.
https://fb.watch/nPIrDhvkQO/?mibextid=UVffzb
Можеби ќе ве интересира: