Секојдневно сообраќајната полиција казнува повеќе од стотина возачи на територијата на Велес поради брзо возење, но и покрај честото присуство на полицијата на улиците во градов, некои од возачите не ги почитуваат правилата и бестрашно возат, притискајќи ја гаста отколку што е дозволено.
Видеото е објавено на фан страната на „Слободен Велес“. На видеото како што се вели дека е вчера на 01.04. се гледа како двајца млади момчиња без соодветна опрема, на едно тркало, беснеат и брзо возат по велешките улици.
За жал, никако не ни доаѓа паметот иако сеќавањата се свежи откако на 18-декември минатата година кај училиштето Васил Главинов 30-годишен велешанец на пешачки премин прегази 11-годишно девојче повредувајки ја и нејзината мајка.
Можеби ќе ве интересира: