Големи дамки од нафта утрово можат да се забележат во водите на реката Вардар. Снимките кои ни ги испратија читатели се направени утрово околу 7:30 часот.
Посетителите кои утрово се рекреираат во паркот, велат дека од Вардар се шири и силна миризба на нафта. Засега е непознато кој ја испуштил нафтата во водите на реката.
Вардар е река со загаденост од највисок, петти степен. На голем дел од неговото течение капењето е забрането. Дел од спортските риболовни друштва дури и не ја препорачуваат рибата од Вардар за јадење.
Без прочистителни станици, Вардар го труе канализациски и индустриски отпад. Институтот за јавно здравје лани откри и присуство на тешки метали во водите на најголемата река во земјава.