Доколку граѓаните во своите автомобили користат поквалитетни горива и доколку извршиме контрола на аерозагадувањето од страна на индустријата, да бидеме сигурни дека секоја индустрија загадува, но во рамките на дозволените концентрации, тогаш ќе дишиме многу почист и поквалитетен воздух, порача д-р Ненад Коциќ, претседател на Советот на Општина Велес и долгогодишен еко-активист.
На претстојните парламентарни избори, Коциќ е кандидат за пратеник на листата на СДСМ и коалицијата во третата изборна единица.
Деновиве Коциќ е актуелен откако влезе во вербален конфликт со градоначалникот на Велес Аце Коцевски, околу оспорениот заклучок кој пред година и пол го донесе Советот на општината, со која се обврзуваа фирмите – загадувачи да набават мерни станици за мерење на степенот на загадување, а доколку тоа не го сторат, обврската да падне на општината.
Поврзани вести: