Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Велес. За кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.
Содржината продолжува под рекламата
Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.
Содржината продолжува под рекламата
Од УХМР најавија дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи, и во наредните денови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Можеби ќе ве интересира: