Министерот за здравство Венко Филипче и вечерва одговараше на прашања поврзани со случајот со мајката и синот, кој пред десеттина дена беа пронајдени мртви во нивниот стан. Тој потврди дека еден полицаец кој бил на увидот е позитивен на тестот за Ковид-19, но рече дека истрагата утврдила дека тој носел заштитен скафандер.
Министерот Филипче исто така, одговори и на прашањето околу ширењето на вирусот меѓу вработени во голем продажен објект за прехрамбени производи во Велес. Тој повторно рече дека не ја знае состојбата со маркетите во Велес и нагласи дека за неправилности е надлежен Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Погледнете ги одговорите на прашањата на Филипче поврзани со Велес: