
Бројката на новозаразени со коронавирус во државата никако да се намали. Денес Министерството за здравство регистрира 1182 нови позитивни случаи на ковид 19. Во Велес се регистрирани 41 нов случај, 29 оздравеле а двајца велешани ја загубија битката со вирусот.
Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 771.
Состојбата по градови е следна: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти, починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485.
Mожеби ќе ве интересира:
