За еден ден во велешката болница се примени 11 нови пациенти со ковид-19, по што бројот на хоспитализирани скокна на 77. Од нив, 56 имаат потврдени позитивни тестови, 15 пациенти се сомнителни, а шестмина имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 35 пациенти. На инфективното оддееление има 42 пациенти, а на интерното се сместени 12, додека во Модуларната болница се лекуваат 23 пациенти.
Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови 25 случаи со коронавирус, а еден велешанец e починат како последица на ковид-19. Во истиот период се регистрирани и 36 оздравени пациенти.
Досегашната ковид статистика за градот е 4045 заразени и 3454 оздравени. Активниот број на ковид случаи е 467, а регистрирани се 124 смртни случаи како последица на коронавирусот.
Можеби ќе ве интеесира: