Во велешка болница хоспитализирани двајца пациенти позитивни на ковид-19

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес е регистриран еден нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува шест.

Во ковид центарот на велешката болница денес има хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од ковид-19.

Agria

“Во ковид центарот на инфективното одделение во велешката болница хоспитализирани се двајца пациенти, позитивни на ковид-19, од кој еден е на кислородна поддршка” соопштија од велешката болница.

Инаку секојдневно се зголемуваат бројките на заразени во Македонија. Денес беа регистрирани  325 нови случаи на ковид-19, со што бројот на активни случаи се искачи на 1268.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: