Загина 52-годишен моторџија кај наплатната станица Стоби

Трагедија на регионалниот пат Велес – Градско. 52-годишниот Д.Н. од Градско вчера загина во сообраќајна несреќа, откако со својот мотоцикл удрил во паркирано возило.

Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила околу 15:48 часот, наспроти наплатната станица Стоби. Мотоциклот со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н., удрил во „Фолксваген Поло“, исто така со велешки регистарски ознаки, кој бил паркиран надвор од коловозот од неговиот сопственик Ј.К. (37) од Градско.

Agria

Моторџијата се здобил со тешки повреди и починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес.

Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: