
Министерството за здравство ја информира јавноста дека од понеделник граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина за Ковид 19, може да закажат вакцинирање во домашни услови.
Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а истото може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација.
Сите оние велешани кои што сакаат не се во можност да дојдат во пунктот за вакциниција а сакаат да се вакцинираат во домашни услови, истото можат да го закажат на телефонскиот број:
078 222 257 закажување од 13 до 14 часот или во здравствениот дом во Велес.
