Жител на велешкото село Нежолово бил уапсен во казино во Велес од полициски службеници на СВР Велес, поради напад на посетител во казиното а потоа и на полициските службеници.
Содржината продолжува под рекламата
„На 23.07.2023 во 03.00 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д.(37) од с.Нижилово, поради тоа што околу 02.20 часот во казино почнал агресивно да се однесува, да го оштетува инвентарот, заканувајќи ѝ се на вработената и по вербална расправија физички нападнал друг посетител во казиното, како и полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, информираа од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: