Зоран Ѓуровски стана член на Советот на општина Велес, на местото на Ненад Коциќ

zoran gjurovski

Зоран Ѓуровски од листата на коалицијата предводена од СДСМ е нов член на Советот на Општина Велес. Тој доаѓа откако досегашниот претседател на Советот Ненад Коциќ беше избран за пратеник во Собранието на Република С. Македонија.

Zito akcija 640x289px

Мандатот на Ѓуровски беше верификуван на последната седница на Советот на Општина Велес, која се одржа во понеделникот. За Ѓуровски ова е втор пат да биде член на Советот, откако на истата фуннкција беше и во периодот од 2005 до 2009 година. Тој е член на партијата Обединети за Македонија.

Agria

Засега, претседателското место во Советот на Општина Велес останува непополнето, бидејќи членовите од мнозинството ја тргнаа точката од дневен ред, со образложение дека им треба време за дополнителна координација со раководството на СДСМ. Додека не се избере нов претседател, со седниците ќе претседава најстариот член на Советот Бесим Ахмедов.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: