Лос Анџелес ќе ѝ плати речиси 28,85 милиони долари на сопругата на Коби Брајант на име отштета

Ванеса Брајант, сопруга на трагично настраданиот американски кошаркар, Коби Брајант ќе добие околу 30 милиони долари од градот Лос Анџелес на име отштета.

Zito akcija 640x289px

Ванеса и нејзините деца ќе добијат точно 28,85 милиони долари, поради тоа што полицајците и пожарникарите го снимиле и споделувале мртвото тело на Коби Брајант и на нивната ќерка Џијана по хеликоптерската несреќа.

Agria

Градот Лос Анџелес долго време одбиваше да признае грешка, па дури и бараше психијатриско испитување на Ванеса Брајант преку кое сакаа да утврдат дека таа страда од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради фотографиите поради кои излегоа во јавност.

Таквиот срамен обид на моќниците на Лос Анџелес, за среќа, не мина.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: