
Во првиот меч од сезоната 2020/21, екипата на Арсенал беше подобар од Ливерпул, во Комјунити Шилд, по изведувањето од белата точка.
Тимот на Арсенал од Лондон преку нувниот најдобар играч,Пјер Емерик Обамејанг го отвори резултатот во 12. минута, при што напаѓачот прецизно погоди за 1-0. Тимот на Ливерпул изедначи во 73. минута, по една мешаница, топката стигна до Минамото и фудбалерот од Јапнија рутински реализираше за 1-1.
Во пенал серијата, промаши само младиот Брустер, кој влезе во судиското надополнување. Неговиот обид заврши во гредата, па фудбалерите на Арсенал се радуваа на нов успех.
Можеби ќе ве интересира: