Поранешниот германски репрезентативец, кој настапуваше за големи тимови како Баерн и Арсенал, одлучи привремено да ги замени копачките со навивачки реквизити.
Во четвртокот, славниот фудбалер објави видео на интернет на кое се гледа како навива со навивачите на Горник Забрза на стадионот на Лех Познањ за време на натпреварот од 30. коло на полската Екстракласа, на кој Горник славеше со 1-0, иако Лех беше фаворит.
Подолски мораше да го пропушти натпреварот поради акумулација на картони. Но, тој ја искористи поканата што му ја испрати „Торцида Горник“ преку социјалните мрежи.
„Еј Полди, бидејќи нема да можеш да му помогнеш на тимот на теренот во Познањ, зошто не ни помагнеш нам да навиваме? Дојди со нас во Познањ“, напишаа навивачите на Горник.
Одговорот од поранешната ѕвезда на германската репрезентација не се чекаше долго.
„Ви благодарам за поканата! Подобро да бидам на теренот и да учествувам во спектаклот. Факт е дека не можам да играм и не знам како да навивам, но ако моето семејство се согласи, ќе се обидам. Јас сум секогаш со Горник“.
Горник победи со 1-0, а меѓу најжестоките навивачи беше Подолски, кој го бодреше тимот од трибините.
37-годишниот напаѓач настапува за Горник од 2021 година, а претходно играше во Турција каде настапуваше за Анталијаспор. Пред тоа тресеше мрежи во Јапонија за Висел Кобе, во Турција за Галатасарај, а го паметиме и кога играше во Келн, Арсенал и Баерн.
Lukas Podolski traveled together with the ultras of Górnik Zabrze away to Lech Poznań last weekend! 👏🏻🇵🇱 @Podolski10 💪🏻 pic.twitter.com/JbVer4kC4e
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) May 4, 2023
Можеби ќе ве интересира: