(ВИДЕО) „Мачорот Пабло“ новогодишен подарок за сите деца од Лајонс и Лео клубовите Велес

Лајонс клуб и Лео клубот од Велес, на сите дечиња во пресрет на новогодишните празници им ја подаруваат детската сликовница „Мачорот Пабло“. Оваа едукативна сликовница е наменета за деца од предучилишна возраст. Во неа низ приказната за Пабло, миленичето кое малата Мери го добива како новогодишен подарок, децата имаат можност да ги научат основните навики за здрав живот. Приказната за Пабло , веќе е достапна во аудио верзија, а наскоро се очекува и нејзино печатеното издание. Автор на текстот е Ана Милевска Ѓеоргиева, а илустрациите во сликовницата ги изработи Теа Мијалкова.

Zito akcija 640x289px

„Искрено се надеваме дека институциите за деца од предучилишна возраст ќе ја препознаат пораката што Пабло им ја испраќа на децата и ќе го прифатат делото во својот план за работа во иднина“, велат од Лајонс клубот Велес.

Покрај македонска, сликовницата е предвидено да добие и англиска верзија, како и верзии преведени на јазиците на заедниците во земјава. Аудио верзијата е од огромно значење за дечињата со оштетен вид, а за оние пак со оштетен слух и вид, предвидено е нејзино печатење на знаковен јазик.

Agria

„Тимот кој работеше на овој проект планира да го надградува и во иднина и по објавувањето на првиот дел, да се работи на раскажување на новите авантури на мачорот. Се надеваме на соработка со театарската фела, со цел приказната за Пабло во иднина да им ја доближиме на децата преку театарска претстава, а во план е издавање и на боенка. Благодарност за сите организации и поединци соработници, кои ја поддржаа идејата и допринесоа за нејзина конечна реализација. Идејата дојде од нашиот младиснки Лео клуб Велес. Во издавањето учествуваа и Лајонс клубовите Вардар и Пајко Маало од Скопје, Лајонс клубот Тиквеш од Кавадарци и НВО 4664 од Велес. Првите 500 изданија што ќе се испечатат, ќе бидат донирани во Велес, Скопје и Кавадарци, во акции на секои од клубовите по повод новогодишните празници“, рече Ацо Ѓорѓиевски, претседател на Лајонс клубот Велес.

Аудио сликовницата е во продукција на Тим Амигоси и Лео Клуб Велес. Автор на текстот е новинарката Ана Милевска Ѓеоргиева, илустрациите ги изработи Теа Мијалкова, а видео анимацијата е дело на Антонио Зографски. Раскажувач на приказната на мачорот Пабло е на велешкиот актер Фаик Мефаиловски, а аудио продукцијата е изработена од Радио 5 ФМ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15933/fudbalerkite-na-borecz-so-poraz-go-zavrshija-esenskiot-del-od-prvenstvoto/