Петте деца кои попладнево беа пронајдени мртви во стан во западногерманскиот град Солинген најверојатно се убиени од нивната мајка, соопшти полицијата. Дваесет и седумгодишната мајка се обидела да се самоубие 35 километри подалеку, скокајќи пред воз на железничката станица во Диселдорф и сериозно е повредена. Таа се наоѓа под полициска заштита во болница.
Нема информација за тоа кој бил мотивот на оваа трагедија, која полицијата ја третира како „криминален акт“. На терен се 40 полицајци, а се очекува министерот за внатрешни да даде и официјална изјава до крајот на денот.
Можеби ќе ве интересира: