До нашата редакција пристигна писмо од мајки на породилно кои бараат од власта продолжено породилно отсуство.
Почитувани, Ние мајките кои сме на платено породилно отсуство, бараме истото да ни биде продолжено бидејќи сме доведени во крајно незавидна ситуација и немаме каде да ги оставиме нашите бебиња за да тргнеме на работа.
Конкретно се соочуваме со следното: 1. Во услови на пандемија, како што и сами знаете градинките работат со намален капацитет. Едноставно НЕМА МЕСТО и НЕ ПРИМААТ ДЕЦА.
2. Доколку евентуално некое дете и тргне во градинка, скоро НЕИЗБЕЖНО СЕ ЈАВУВА ПОТРЕБА ОД ИЗОЛАЦИЈА поради позитивни случаи во групата, каде што повторно не секоја од нас може да земе толку долго отсуство од работа.
3. НЕМАМЕ СИТЕ ФИНАНСИСКА МОЖНОСТ за приватна градинка и ангажирање дадилка, иако и ова во услови на пандемија е небезбедно и непрепорачливо решение.
4. Јасно е дека НЕ СИТЕ ИМАМЕ РОДИТЕЛИ кои можат да ги чуваат децата. Некои одат на работа, некои воопшто не се наоѓаат во истиот град и многу други причини.
5. Сведоци сме дека вирусот се повеќе зафаќа и деца, кај кои иако инфекцијата поминува асимптоматски или со лесна клиничка слика, истите понатаму се јавуваат како преносители, најчесто кај повозрасните членови во семејството.
Како резултат на претходно наведеното, многу мајки беа доведени во безизлезна ситуација и ПРИМОРАНИ ДА СИ ДАДАТ ОТКАЗ. Во услови кога секојдневно имаме огромен број на заразени и го очекуваме пикот на третиот бран, БАРАМЕ РАЗБИРАЊЕ И ПОДДРШКА ОД НАДЛЕЖНИТЕ во обидот да ги заштитиме нашите најмали и најранливи и бараме продолжување на платеното породилно отсуство.
Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време, бидејќи многу од нас се соочуваат со притисоци за враќање на работа од една страна, а не се нуди никакво решение за гореспоменатите проблеми од друга страна. Однапред Ви благодариме. Од мајките на породилно.
Moжеби ќе ве интересира: