Мак фудбал: Борец со пандевци, супер дерби на арената, Ренова го дочекува Работнички, а “Лавови“ гостуваат под “Тумбе кафе“!

FK Borec
FK Borec

Попладнево од 16 часот ќе се одиграат преостанатите четири натпревари од ПМФЛ. Во Велес, домашниот Борец ќе се обиде да одигра уште една добра партија против осоколениот состав на Академија Пандев која во минатото коло конечно ја прекина црната серија од 16 меча по ред без победа.

Zito akcija 640x289px

Секако дека во центарот на вниманието ќе биде старото скопско дерби меѓу Вардар и Шкупи на Арената “Тодор Проески“. Веројатно чаирчани се фаворити, но Вардар е Вардар, посебно сега кога се засили со дури 11 нови имиња, и ќе му биде тешко на секого кога ќе игра против четата на стратегот Александар Васоски.

Agria

Под Шара гостува Работнички. Тим кој има квалитет да ги освои бодовите против Ренова, која пак веројатно е со мислите на мечот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Сепак се очекува многу борба, голови, добар натпревар. Да потсетиме на еден од последните мечеви во Тетово меѓу овие две екипи “романтичарите“ водеа дури со 3:1, но на крај Ренова славеше со 4:3.

Во Битола домашниот Пелистер ќе има тешка задача. Гостуваат “лавовите“ од Ѓорче, секогаш незгодни, мора да ги респектираш, не смееш да ги потцениш. Едноставно жилава екипа која ако има свој ден може со секого да се носи. Од друга страна составот на Зоран Штерјовски е фаворит, тука нема дилеми.

Да потсетиме дека вчера Струга Трим Лум со 2:0 го победи Силекс, а Шкендија на гостувањето кај Беласица славеше со 3:0.

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО – ДЕНЕСКА 16 Ч

ВАРДАР – ШКУПИ

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ

ВЧЕРА:

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0:3

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2:0

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: