Македонец и неговата екипа освоија осум милиони долари на Светското првенство играјки Дота

Огромен успех за Македонецот Мартин Саздов, познат како „Сакса“ кој заедно со неговата екипа „Тундра“ го освои Светското првенство во играта Дота 2, при што заработија неверојатни осум милиони долари за нивниот фантастичен настап во Сингапур.

Zito akcija 640x289px

„Тундра“ имаше одличен настап во групната фаза, а добрите резултати ги префрлија во нокаут-фазата, каде најпрво му одржаа лекција на тимот на „Ликвид“ (2-0), па потоа го уништија и „Тим Астер“ за да обезбедат две пресметки со „Сикрет“, кој беше немоќен против Сакса и другарите.

Agria

„Сакса“ и екипата прво го совладаа „Сикрет“ со 2-1 за пласман во големото финале, каде што „Сикрет“ повторно обезбеди место со победата против „Тим Ликвид“ (2-1), но сепак битката за трофејот на „Д Интернешнл“ или светското првенство во Дота 2 ја одбележа целосна доминација на „Тундра“ (3-0).

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33636/veleshanecz-napadnat-od-vraboten-vo-obezbeduvane/