Македонија ги празнува двата Илиндена

Ilinden Meckin kamen 2023

Пораки на одлучност и единство упатија политичките лидери во своите обраќања по повод државниот празник Илинден, а неизбежен сегмент во говорите беше европската иднина на земјата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претседателот на Собранието Талат Џафери кој беше на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република во својот говор на Мечкин Камен посочи дека сега е време да се донесе најдобрата одлука за иднината на државата. При доаѓањето на владината делегација предводена од Џафери тие беа исвиркани од дел од присутните граѓани. Џафери во чествувањето на големиот празник Илинден положи цвеќе на гробот на Никола Карев во Македониум, како и на споменикот на бранителите на Крушевската Република, и споменикот на Хероите на Слива а присуствуваше и на панихидата во црквата Свети Никола.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претседателот Стево Пендаровски од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце истакна дека европските реформи ни се потребни веднаш, за да се спречи иселувањето на младите. Тој праша дали сакаме државата во иднина да ја видиме како европска или емигрантска земја.

Премиерот Димитар Ковачевски од скопското Кале рече дека Илинден и АСНОМ повикуваат на одлучност, а не на откажување. Тој додаде дека денес битките не се водат на бојното поле, туку на дипломатско поле.

Пораки за одбележувањето на Илинден беа испратени и од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој беше на Мечкин Камен пред започнувањето на официјалната прослава. Тој рече дека Илинден е темел и водилка на Македонија, но не пропушти да го критикува државното раководство.

Инаку празникот беше одбележан и во манастирот „Прохор Пчињски“, каде шефот на државата Пендаровски беше пречекан од домаќинот, српскиот претседател Александар Вучиќ, по што двајцата одржаа и билатерална средба. Од минатат годна, македонската делегација го празнува Илинден на местото каде се одржа првото заседание на АСНОМ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: