Македонинија ќе добие 800.000 вакцини против коронавирусот од компанијата Фајзер во текот на годината, а договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче со висок претставник на комапнијата. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер од министесртвото за здравство велат дека ќе стигнат во февраури, а потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.
„Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона“, велат од Министерството за здравство.
Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.
Можеби ќе ве интересира: