Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, информира МНР.
„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“ велат од МНР
Претседателот Стево Пендаровски за Гласот на Америка изјави дека е информиран. Од тоа што тој го видел го , случајот бил документиран од надлежните институции, и не станувало збор за импровизација за протерувањето на рускиот дипломат.
Пендаровски истакна дека рокот од седум дена за дипломатот да ја напушти земјата му бил даден од човечки аспект.
„Се водеше сметка и од човечкиот аспект, не само за дипломатската конвенција, да не биде тоа преку ноќ. Тие луѓе имаат и семејства и идруги интереси и нехумано е да постапуваме на таков начин“, додаде Пендаровски.
Можеби ќе ве интересира: