Македонија слави 34 години независност

Makedonsko Zname

Денес, државата одбележува триесет и четири години независност, три децении исполнети со бројни предизвици и историски моменти што ја обликуваа нејзината патека кон членството во најмоќниот воено-политички сојуз, НАТО, и статусот на земја-кандидат за Европската Унија.

Во овие три децении, државата смени три имиња, помина низ вооружен конфликт, економско ембарго, инфлација и транзиција. Се соочи со атентат врз еден претседател и загуба на друг во авионска несреќа. Преживеа уставни измени, политички турбуленции, вета, бегалска криза, приватизации и бројни промени на владејачките партии…

Agria

Државата монетарно се осамостои со воведувањето на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја армија, која роденденот го слави на 18 август. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Македонија беше примена за 181. полноправна членка на светската организација.

33 години самостојност донесоа многу за една мала држава со големи стремежи. Самостојноста и независноста дојдоа со многу жртви, внатрешни превирања, но и со многу убави нешта кои се гордост на државата која и покрај се продолжува да чекори напред.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: