Инсулин, ленти за мерење гликемија и игли во државата има, ама за пациентите исто како да ги нема. Поради административен проблем при впишувањето на кодовите на ново набавениот инсулин терпијата за 40 илјади дијабетичари е недостапна.
За да биде апсурдот поголем проблемот е стар веќе три месеци. Од Сојузот на Здруженија на дијабетичари на Македонија апелираат Министерството за здравство, а посебно од „Мој термин“ да си го средат хаосот.
„Прво, некои од инсулините во програмите Мој термин од аптеките ни кажуваат дека се вметнати со дупли шифри, а тоа во преакса повлекува проблем. Со промена на инсулински листи т.е. инсулинот физички е присутен, го има по аптеките, во тоа сме се увериле, но без можност да се издаде на пациентот“, рече Диме Велев претседател на Сојуз на Здруженија на дијабетичари на Македонија.
Од Министерството за здравство велат дека проблем има, но тој е технички проради промена на софтверот.
„Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Од Сојузот бараат министерството конечно да го реши проблемот, во спротивно ќе излезат на протести. Од Министерството за здравство ветувааат дека терапијата ќе биде достапна од вторник.
Можеби ќе ве интересира: