Дневен ковид биланс: Регистриран само еден заразен пациент во Велес, бројката на оздравени во Велес и велешко постојано расте

Veles kombe kovid maj 2021
Veles kombe kovid maj 2021

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа oд направени 1.245 тестирања ширум земајава во Велес е регистриран само еден заразен пациент со коронавирусот. а за оздравени се евидентирани девет пациенти.

На ниво на целата држава се регистрирани вкупно 118 нови случаи, и тоа по градови изгледа вака:

Agria

Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од:

Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2, Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица:

Шест починати лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), тројца починати лица од Струмица (71г, 73г и 87г),  по двајца починати лица од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и  по едно починато лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: