Двајца велешани се меѓу новите 85 новорегистрирани случаи на коронавирус во последните 24 часа. Во истиот период, двајца велешани оздравеа од болеста. Најмногу регистрирани новозаразени има во Скопје, кој денеска е единствениот град со двоцифрена бројка на инфицирани.
Во последните 24 часа се направени 1188 тестирања, а 85-те нови случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:
- Скопје 32
- Куманово 9
- Дебар 3
- Штип 9
- Прилеп 1
- Тетово 1
- Велес 2
- Битола 4
- Кавадарци 6
- Гостивар 7
- Струмица 1
- Кочани 1
- Демир Хисар 1
- Виница 1
- Кичево 7
Битката со коронавирусот ја загубија четири пациенти, двајца од Скопје, еден пациент од Дебар и пациентка од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти, а најмногу има во Тетово и Свети Николе – по 13.
Досега во земјата се направени вкупно 114807 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11839, бројката на оздравени пациенти е 7664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3648.
Можеби ќе ве интересира: