ОБСЕ и ОДИХР ја почнуваат мисијата во земјава

Тимот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, кој во земјава пристигна на 19 јуни, од денеска е спремен за работа и членовите веќе имаа средба со Државната изборна комисија, на која беа информирани за текот на изборниот циклус.

Zito akcija 640x289px

ОБСЕ/ОДИХР на покана на македонската Влада испрати мисија за следење на парламентарните избори, закажани за 15 јули, идниот месец.

Agria

Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Во рамки на тимот се ангажирани шеф на мисијата, негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник. Мисијата ќе биде во траење од три недели.

Портпаролката на ОБСЕ/ОДИХР, Катја Андруш во изјава за МИА минатата недела истакна дека ОДИХР распоредува специјална изборна оценувачката мисија во Северна Македонија за предвремените парламентарни избори. 

„Мисијата внимателно ќе оценува колку изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандари за демократски избори, како и согласно националното законодавство“, изјави Андруш за МИА. 

Пред пандемијата на коронавирусот, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) најави дека 250 краткорочни набљудувачи ќе ја следат ситуацијата на денот на изборите, но и претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи.

Андруш за МИА вели дека биле принудени да ја суспендираат оваа набљудувачка мисија, поради грижата за здравјето на набљудувачите, кои се појавија како последица на коронавирусот.

„Здравјето на нашите колеги е секогаш приоритет. Безбедносните аспекти, како и продолжените рестрикции во меѓународните патувања и ограничувањата за влез во земјите во кои се одржуваат избори создаваат предизвици за сите наши активности поврзани со изборите и пред се за воспоставување на долгорочни и краткророчни набљудувачи, кои се испраќаат директно од земјите – членки на ОБСЕ“, истакна Андруш.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6803/policzijata-potvrdi-deka-policziski-sluzhbenik-go-predizvikal-inczidentot-od-sabotata-vo-veles/