Камион излетан од патот, чија приколка е превртена, стои на делницата Росоман – Кавадарци, во близина на крстосницата за село Манастирец. Според она што се гледа од местото на настанот, возачот најверојатно не успеал да сврти во кривина и продолжил право, по што изледал од патот.
На возачката кабина нема оштетувања, што укажува на тоа дека нема повредени во инцидентот. Сепак, приколката е целосно превртена и на неа има оштетувања.
Од СВР Велес велат дека инцидентот се случил во саботата вечерта, а најверојатна причина е голомразицата. Во инцидентот нема повредени, а направена е минимална штета.
Денеска автопатот Велес – Градско и регионалниот пат Росоман – Кавадарци е сув, а сообраќајот се одвива нормално.
Можеби ќе ве интересира: