Голем број граѓани заклучно со вчера примиле втора доза вакцина

vakcinalen punkt - Veles

Заклучно со вчера на вакциналните пунктови во државата и на терен, вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

Од министерството додаваат дека прва доза вчера примиле 3.109 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани.

Agria

Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани.

„Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата ширум државава се одвива во спортските сали низ градовите во Велес, Кавадарци, Куманово, Тетово, Битола, Штип, Струмица, Охрид, и Прилеп како и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22628/se-zgolemuva-brojot-na-novi-sluchai-na-kovid-19-nema-novozarazeni-vo-veles/