И денес висок број на заразени од ковид-19

Infektivna klinika Skopje naslovna
Infektivna klinika Skopje naslovna

Во последните 24 часа се регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 од направени 3.701 тестирање, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се во: Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Zito akcija 640x289px

Изминатото деноноќие се пријавени 9 починати лица. Починати се четири пациенти од Скопје (81г, 75г ,74г, 73г) и по еден пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Agria

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: