Седум велешани се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Рекорден е и вкупниот број заразени во земјава, кој за едно деноноќие изнесува 317 луѓе. Тие се откриени, откако се направени 1990 тестирања.
Најголемиот дел, или речиси 60 отсто од новозаразените доаѓаат од Скопје, вкупно 182. Висока е бројката на заразени и во Кочани, каде што има 18 нови случаи. Во Штип има 13, Куманово, Гевгелија и Струмица по 12, а во Гостивар 11 новоифицирани. Потоа следуваат Тетово со осум, Велес со седум, Битола со шест, Прилеп со пет, во Кавадарци, Свети Николе и Кичево има по четири, во Крива Паланка три, во Делчево два и во Охрид, Ресен и Неготино по еден новозаразен.
Во последните 24 часа како последица од ковид-19 починаа четири пациенти, скопјанец на 59-годишна возраст, пациент од Струга на 65 години и двајца пациенти од Гостивар, на 71 и 76-годишна возраст.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти, од кои тројца се од Велес.
Со ова, вкупната бројка на заразени велешани сега изнесува 348, а на оздравени 296. Досега починаа 16 велешани.
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.
Можеби ќе ве интересира: