Мицкоски повторно не дојде да сведочи, Трајановски тврди тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не учествувале на протестите на „За заедничка Македонија“

mickoski kriva palanka
mickoski kriva palanka

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска не дојде да сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје за предметот „27 април“.

Zito akcija 640x289px

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поради однапред закажани обврски беше спречен да присуствува на рочиштето за 27 април. Доколку биде уредно поканет ќе сведочи на првото наредно рочиште. Со задоволство ќе посведочи за вистината, наспроти политичките злоупотреби и прашини кои што се креваат за овој случај.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

Тој е предложен за сведок од одбраната од каде што, како што рекоа, Мицкоски од приватни причини бил спречен денеска да дојде во судот.

Во судницата, пак, дојдоа поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, експретседателот на УМС, Владимир Нелоски и уште двајца други сведоци.

ВМРО-ДПМНЕ немаше учество во протестите на „За заедничка Македонија”, изјави Коце Трајановски, сослушан како сведок на одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Коце Трајановски, кој е сведок на одбраната на Спиро Ристовски, рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 година и од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини.

„Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, колку што ми е познато, не беа членови на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Трајановски.

Прашан за протестите на „За заедничка Македонија” Трајановски рече дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите и не формирањето мнозинство, според него се вознемирила политичката состојба и народот, кој, како што рече, почнал да излегува на улица.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: