МВР испитува дали и други лица од македонската полиција се вмешани во фалсификувањето на монетите од 2 евра

Policija Veles avtomobil

Во истрагата за фалсификуваните монети од две евра кои се правеле во Скопје, а се носеле на Косово, вклучена е и внатрешната контрола на МВР која испитува дали и други лица од македонската полицијата се дел од оваа криминална мрежа. 

Zito akcija 640x289px

Пред пет дена во заедничка акција македонската и косовската полиција на територијата на Косово го уапси Шкелзим Демири од Ресен, полициски службеник и возач на Ветон Кранли, поранешен началник на одел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност при МВР…Демири е во притвор во Косово. А по неговото приведување, во три простории во Скопје пронајдени се неколку машини и друг материјал за правење лажни монети од по две евра. Полицијата претпоставува дека тука биле направени повеќе од 100 илјади монети. 

Agria

Истрагите за фалсификувани пари продолжуваат и во Македонија и во Косово, со оперативна помош на Европол. Се работи на откривање на криминалната мрежа која фалсификуваше монети од 2 евра.

Можеби ќе ве интересира: