МВР објави оглас за прием на полицајци

Policija stroj naslovna

МВР денеска објави јавен оглас за вработување на 600 полициски службеници согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.

Zito akcija 640x289px

Отворени се работни места во повеќе сектори, и тоа:  во Сектор за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, во Секторите за внатрешни работи Струмица, Охрид, Битола и Куманово, како и во Регионален центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

Agria

По триесет полициски службеници ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи Велес, Тетово, и Штип, како и во Одделот за заштита на определени личности и објекти и во Единицата за брзо распоредување, а дваесет полицајци ќе бидат вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

Сите потребни услови и документи се достапни на следниот линк: mvr.gov.mk

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17036/po-podolgo-vreme-brojkata-na-zarazeni-vo-edno-denonokie-padna-pod-100/