
Вчера Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што се санкционирани 68 возачи.
„Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 68 возачи. Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесе за побезбедни патишта.
Можеби ќе ве интересира:
