Наскоро започнува исплатата на пензиите, еве како е распоредот

Denari plata

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.06.2021 година.

Zito akcija 640x289px

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.06.2021 година.

Agria

Исто така, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.07.2021 година (петок).

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21703/vladata-odluchi-namaluvane-na-ddv-kaj-strujata-od-18-na-5-otsto/