Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 денеска, за прв пат по подолго време е повисок од бројот на заразени. Според статистиката која пред малку ја објави Министерството за здравство, во последното деноноќие се регистрирани 123 оздравени, наспроти 120 новоинфицирани граѓани со коронавирус.
Во Велес денеска нема новодијагностицирани. Најмногу оздравени се регистрирани во Куманово, вкупно 92, по што следува Скопје со 17 пациенти кои го прележаа вирусот. Меѓу оздравените е и еден велешанец.
Половина од новодијагностицираните граѓани доаѓаат од Скопје – вкупно 64, а двоциврена бројка на заразени има само уште во Тетово. Во останатите градови состојбата е следна:
Куманово 4
Дебар 4
Штип 2
Прилеп 2
Струга 5
Битола 3
Охрид 7
Гостивар 2
Македонски Брод 1
Свети Николе 2
Кичево 5
Ресен 5
Во последното деноноќие регистрирани се у четворица починати пациенти. Сите се од Скопје, на возраст од 51, 56, 58 и 67 години и сите починале во ГОБ „8 Септември“.
Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.
Можеби ќе ве интересира: