Дирекцијата за заштита и спасување продолжи со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна во близина стадионот под „Тумбе Кафе“ во Битола.
Заедно со првата акција кон крајот на октомври, која прекина затоа што немаше содветна механзација, четворица пиротехничари од цела Македонија вкупно досега пронајдоа 4500 неексплодирани артилериски гранати со калибар од 75 милиметри од Прва светска војна.
Сите гранати тежат околу 40 тони, а во нив има 1,5 тон чист експлозив. Се уште не се дефинирани границите на локацијата, но се претпоставува дека станува збор за голема површина, па бројките на пронајдени гранати се очекува да бидат огромни.
Акцијата, дирекцијата ја спроведува во присуство на медицинска екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници.
Можеби ќе ве интересира: