Реклама

Црн ковид биланс: Осуммина починати велешани за 24 часа

bolnica veles

Рекорден број починати пациенти од коронавирус се регистрирани во Велес за 24 часа. Откако вчераутро починаа двајца велешани, на инфективното одделение во велешката болница, до крајот на вчерљашниот ден починаа уште двајца пациенти.

„Вчера попладне почина маж на 79-години, негативен на ковид-19, а вчеравечер е донесен маж на 63 години во тешка состојба, позитивен на коронавирус, кој почина набургу после приемот“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Утрово во велешката болница починаа уште четворица пациетни, три жени на 81, 85 и 76-годишна возраст и еден маж на 59 години, сите со потврден позитивен тест на ковид-19. По ова, вкупниот број на починати велешани од ковид-19 од поетокот на пандемијата изнесува 52.

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти во велешката болница е 80, од кои 69 се потврдени позитивни, 10 сомнителни случаи и еден со негативен тест. 30 пациенти се на кислородна поддршка. На инфективното одделение се хоспитализирани 54, на одделението за физикална терапија 15 и на интерното одделение има 11 пациенти.

Можеби ќе ве интересира: