
Вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница во Македонија, Шаќир Фетаху e позитивeн на Ковид-19.
Тој оваа информација ја сподели на својот фејсбук профил.
„Во моментов сè е нормално, без никакви симптоми. Се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум на домашно лекување“, напиша Фетаху.
Реисул Улема Фетаху апелира до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните и во истовреме го честита муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Можеби ќе ве интересира: